logo

ЛЕГЕНДИТЕ НА СЦЕНА - 29.10.2025

СЦ Јане Сандански
сре, 29 окт 2025 19:00

Блок

Одберете Билети

Блок 1

Блок 2

Блок 3

Блок 4

Блок 5

Блок 7

Блок 8

Блок 9

Блок 10

Блок 11

Блок 12

Блок 13

Блок 14

Блок 15

Блок 16

Блок А1

Блок А2

Блок А3

Блок А4

Блок А5

Блок А6

ВИП Партер

ЛЕГЕНДИТЕ НА СЦЕНА - 29.10.2025
ЛЕГЕНДИТЕ НА СЦЕНА - 29.10.2025

ЛЕГЕНДИТЕ НА СЦЕНА - 29.10.2025

Ревијалниот ракометен спектакл насловен како „Легендите на сцена“, кој беше најавенминатата седмица, ќе биде одлична можност за публиката повторно да види на дело некои од најголемите ѕвезди на овој спорт, кои претходно дел од својата кариера поминаа во македонските клубови.

На 29 октомври 2025 година, во спортскиот центар „Јане Сандански“ во Скопје, овој уникатен настан ќе ги обедини на едно место најголемите македонски ракометни имиња од изминатите децении: Кирил Лазаров, Борко Ристовски, Стојанче Стоилов, Пепи Манасков, Филип Миркуловски, Иван Марковски, Раде Стојановиќ, Аце Станковски, Наумче Мојсоски, Бранко Ангеловски, Ванчо Димовски, Петар Ангелов, Влатко Неданоски, Гоце Георгиевски, Горан Ѓоргоноски, Велко Маркоски, Лазе Мајнов, Александар Царчев.

Покрај домашните легенди, на настанот поканети се Арпад Штербик, Жоао Кањелас , Иван Чупиќ, Игор Вори, Страхиња Милиќ ,Тимур Дибиров, Во улога на селектори и судии ќе се појават: Лино Червар, Веселин Вујовиќ, Звонко Шундовски, Ристо Магдинчев, Маријан и Драган Начевски, Горѓи Начевски – Славе Николов, Силвана Карбеска – Марија Илиева …

Овој настан е како дел од прославата на 20 години Спортско радио 90,3 ФМ, единствениот специјализиран спортски медиум во Македонија, кој веќе две децении е гласот на спортот и верен следбеник на сите спортски херои и успеси.

Билетите ќе бидат пуштени во продажба од денес (06.10.2025) во 14:00 часот онлајн на ticketx.com.mk, во билетарницата на СЦ Јане Сандански како и во продажната мрежа на TicketX низ цела Македонија по следниве цени и категории:

    • Блок 3, 8, 11 и 16 – 300 ден.

    • Блок 1, 2, 9 и 10 – 400 ден.

    • Блок 4, 5, 6, 7, 12, 13, 14 и 15 – 600 ден.

    • Блок А2, А3, А5 и А6 – 800 ден.

    • Блок А1 и А4 – 600 ден.

    • ВИП Партер - 3.000 ден. (само 50 билети)