logo

ARMMADA 14 - СКОПЈЕ

СЦ Јане Сандански
нед, 14 сеп 2025 19:30

Блок

Одберете Билети

Блок 1

Блок 2

Блок 3

Блок 4

Блок 5

ВИП Трибина

Блок 6

Блок 7

Блок 12

Блок 13

Блок 14

Блок 15

Блок 16

Блок А1

Блок А2

Блок А3

Блок А5

Блок А6

Блок А

Блок Б

Партер Седње - ненумериран

1,000.00 мкд.

-
1
+

Silver VIP

3,000.00 мкд.

-
1
+

Golden VIP

10,000.00 мкд.

-
1
+
ARMMADA 14 - СКОПЈЕ
ARMMADA 14 - СКОПЈЕ

ARMMADA 14 - СКОПЈЕ

ARMMADA ЗА ПРВ ПАТ НАДВОР ОД ГРАНИЦИТЕ НА СРБИЈА!

14 СЕПТЕМВРИ – СКОПЈЕ, САЛА „ЈАНЕ САНДАНСКИ“

Најдобрата српска ММА промоција ARMMADA пишува нова страница од својата историја! По тринаесет спектакуларни настани, дојде време за првиот голем самостоен чекор. На 14 септември, ARMMADA за првпат ќе излезе надвор од границите на Србија и ќе организира турнир во Скопје – град со богата спортска традиција и публика што ја сака и ја цени боречката сцена!

Овој настан е многу повеќе од обична боречка вечер – тоа е потврда дека ARMMADA стана регионален бренд, промоција која се избори за своето место меѓу најдобрите и која продолжува да ги поместува границите на домашниот спорт во вистинска смисла на зборот.

Изборот на локацијата не е случаен. Салата „Јане Сандански“ важи за спортскиот бисер на Скопје и е една од најмодерните и најубавите спортски арени во градот. Токму во такво опкружување, ARMMADA ќе ја продолжи традицијата на врвна продукција, неизвесни борби и визуелен спектакл што одзема здив.

Интересот на публиката за ARMMADA 14 во Скопје веќе ги надминува очекувањата – билетите се бараат однапред, многу пред да бидат пуштени во продажба, а интересот доаѓа од целиот свет. Очекуваме извонредни борци, вистински воини. Знаеме дека ARMMADA ќе даде сѐ од себе за публиката и гледачите да бидат повеќе од задоволни. Уверени сме дека не очекуваат возбудливи борби со непредвидливи исходи.

Организаторите сѐ уште не сакаат да ги откријат сите имиња што ќе ги гледаме, но знаејќи ја ARMMADA промоцијата – никој нема да биде разочаран. Се очекуваат враќања на борци од претходните изданија, но и нови имиња жедни за докажување.

Карти може да се набават преку ticketx.com.mk и во продажната мрежа на TicketX низ Македонија по следниве цени:

•⁠ ⁠Трибини – 400 ден.

•⁠ ⁠Голден Трибини – 600 ден.

•⁠ ⁠ВИП Трибини – 2.000 ден.

•⁠ ⁠Партер Седење – ненумерирано – 1.000 ден.

•⁠ ⁠Силвер ВИП – 3.000 ден.

•⁠ ⁠Голден ВИП – 10.000 ден.

ВИП БИЛЕТИ

ВИП билетите овозможуваат исклучително искуство што не треба да се пропушти! Со ВИП билет, влегувате преку посебен влез, без гужви и чекање, и седите веднаш до самиот кафез, каде што најдобро го чувствувате адреналинот.

Што вклучуваат ВИП билетите?

•⁠ ⁠Golden VIP – маса во првиот ред до кафезот со директен поглед на борбите.

•⁠ ⁠Silver VIP – маса веднаш зад Golden VIP зоната.

Секој ВИП билет вклучува:

•⁠ ⁠Седење на маса во избраниот ВИП сегмент.

•⁠ ⁠Храна и пијалаци во текот на целиот настан.

•⁠ ⁠Приватна атмосфера и највисок квалитет на услуга.

Важно:

При купување на ВИП карта не се избира конкретна маса. Распределбата на седењето се врши вечерта на настанот. При купување на ВИП карти задолжително е да се наведе името на секој посетител што ќе присуствува.

Бројот на ВИП билети е строго ограничен!

ARMMADA 14 не е само следниот чекор во работата на нашата најдобра промоција – тоа ќе биде голем исчекор!